Каталонија

Рахој му даде 5 дена на Пучдемон за да се изјасни во однос на независноста

Шпански премиер Маријано Рахој даде рок од пет дена – до понеделник, на сепаратистичкиот лидер на Каталонија, Карлес Пучдемон, за да ја каже својата позиција за декларацијата за независност, пренесе Франс Прес.

Ако Пучдмон потврди дека прогласува независност на регионот, Мадрид ќе му даде екстра рок до четврток, 19 октомври, да се повлече, по што ќе прибегне кон член 155, што и дозволува на шпанската влада да ја суспендираа автономијата на Каталонија.

Поврзани

Најнови вести

Коментари