Рахмат Бахри, човекот кој преживеа две цунами

Рахмат Саифул Бахри го преживеа цунамито кое во 2004 година ја погоди индонезиската провинција Ачех, а потоа и земјотресот и цунамито што на 28 септември ја погодија областа Палу.

Бахри раскажа дека за време на земјотресот бил во хотел, се туширал и помислил да зеде маица и панталони и да истрча на петтиот кат.

„Знаев дека ќе дојде голем бран. Заминав на повисок кат за да бидам на врвот ако зградата се сруши“, раскажува Бахри, пренесе Би-Би-Си.

Тоа искуство го стекнал за време на земјотресот и цунамито во Ачех.

„Најважно е да не паничите“, порача Бахри, додавајќи дека видел што се случило со неговите пријатели, кои слегле на пониските катови и ги зафатил бранот.

Како што рече, во таква ситуација треба да се остане смирен и трезвено да се размислува. Додаде дека му е благодарен на Бог, бидејќи ги преживеал двата земјотреси и цунами.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари