Рафаел Надал ја брани Мајорка од поплавите

Додека другите топ 10 тенисери се борат за титулата во Шангај, тениската икона Рафаел Надал поради повреда не може да ја брани титулата во Кина, но ја брани Мајорка од поплави.

Маjорка ја погодија големо невреме и бури, а Рафа се приклучи во акцијата за чистење на калта и водата која навлезе во домовите. Во поплавите загинаа најмалку десет лица, а стотици лица ги напуштија нивните поплавени домови.

Покрај тоа, тој својата тениска академија ја отвори за сите погодени од поплавите, со што предизвика огромен интерес кај шпанските медиуми кои известуваат за неговиот хуманитарен ангажман.

,,Тажен ден за Мајорка. Изразувам најдлабоко сочувство до роднините на загинатите и на оние кои што се погодени од големите поплави. Како што направивме вчера, и денеска го нудиме комплексот на тениската академија Надал на сите оние на коишто им е потребно сместување”, напиша тој на социјалните мрежи.

Поддршка доби и од неговите колеги, меѓу кои е Александар Зверев.

,,Сите слушнаа за трагичните случувања на Мајорка, која ни е е блиска поради Надал. Бев таму, тоа е убаво место. Моите молитви се со вас и со Рафа и се надевам дека наскоро се ќе помине”, порача Зверев.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари