logo
logo
logo

Раџапакса: Го замолив Путин за кредитна поддршка за увоз на гориво

Vecer | 07.07.2022

Раџапакса: Го замолив Путин за кредитна поддршка за увоз на гориво

Разговорот меѓу двајцата претседатели бил за време на викендот, откако министерот за енергетика предупреди дека Шри Ланка може да остане без гориво.

– Го замолив Путин за кредитна поддршка за увоз на гориво. Понизно побарав да продолжат летовите меѓу Москва и Коломбо. Едногласно се сложивме дека зајакнувањето на билатералните односи во сектори како туризам, трговија, култура, се најважни во пријателството што го делат нашите нации, напиша Раџапакса на Твитер.

Изминативе месеци Шри Ланка веќе купуваше нафта од Русија, со цел да се зајакнат резервите гориво за време на криза. Владата сигнализираше дека има волја да купи уште руски енергенти.

Недостигот од гориво, струја, храна, во Шри Ланка трае со недели. Претседателот Раџапакса не успеа да ја реши најлошата економска криза ни со обезбедување финансиска поддршка од Кина и од Индија.

Во неделата, министерот за енергетика Канчана Вијесекера соопшти дека во земјата има бензин само за помалку од еден ден.

Минатиот месец во Шри Ланка беше забранета продажба на гориво во период од две седмици. Од владината одлука исклучени беа службите за јавен превоз, возови, како и возила што се користат во итни служби и за достава на храна.

Паралелно, Владата донесе одлука во тој период да се затворат училиштата во урбаните подрачја, а граѓаните беа советувани да работат од дома.

Шри Ланка се наоѓа во најлошата економска криза уште од прогласувањето на независност во 1948 година.

Вчера стотици луѓе излегоа на улиците низ Коломбо, протестирајќи против Владата. бд/ми/

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk