Набљудувачите, цитирајќи ги затворските службеници, велат дека радикалните милитанти се наоѓале во затворот Раџо во северниот дел на Алепо, еден од погодените региони. Тие биле прошверцувани од затворите за 1.000 до 3.000 долари по човек.

„Она што го дознав од моите извори е дека по земјотресот настанал хаос. Припадниците на Исламската држава успеале со стражарите да организираат бегство “, изјави за ДПА Рами Абдел Рахман, шеф на опсерваторијата.

Во затворот Раџо се сместени десетици луѓе од регионот Африн, кој во моментов е под контрола на сириските бунтовнички сили со поддршка на Турција.