NanoFlowcell Quant F, автомобил на иднината веќе на пазар на автомобили...

Работи на солена вода, има 920 коњси сили, брзина 350 км. на час, и поминува 600 километри со полн резервоар

2014 година на Женевскиот саем за автомобили , овој автомобил доби сертификат за употреба на европските патишта

Нафтената индустрија повторно е во искушение да откупи нечиј патент и да го прогласи закана за "национална сигурност".

Овој автомобил работи исто како и автомобил на водородни согорливи ќелии, освен што течноста која се користи за складирање на енергијата – е солена вода.

Ова не е далеку од автомобил со воден мотор, идеа које е одбележана како заговор од страна на многумина и покрај доволно докази кои стојат позади него.

Во овој случај, (солената вода) течноста поминува преку мембрана помеѓу два резервоара, создавајќи електричен набој.

Електрицитетот се акумулира и се дистрибуира преку кондензатор. Четири електрични мотори во автомобилот се напојуваат со електрична енергија која го движи.

Автомобилот има резервоар за вода во облик на 200 литарски резервоар, кој во еден правец ќе му овозможи на возачите да патуваат до 600 км.
Целиот автомобил е долг 5,25 метри, широк 2,2 метра и висок 1,35 метра.

"Откако во 2014 година, дебитираше на Женевскиот саем за автомобили, технологијата на солена вода доби сертификат за употреба на европските патишта".

"Имаме големи планови, не само во автомобилската индустрија. Потенцијалот на технологијата NanoFlowcell е многу поголем, особено во поглед на домашните залихи на енергијата, како во поморската, железничката и авионската технологија" – рекол претседателот на компанијата
NanoFlowcell Quant F, AG професорот Jens-Peter Ellermann.

Ова е голема вест и уште еден пример од толкуте кои јасно покажуваат дека имаме многу начини да се подобрат нашите животи.

Сите автомобили треба да бидат направени на овој начин, или на други слични типови на чиста зелена енергија.

Ако само пред неколку години речевте дека е можно да се возиме во автомобили во кои се става солена вода, би ве нарекле теоретичар на заговор.

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари