Путин: Русија прво мора да ги анализира доказите, па да одлучи дали има руска вмешаност во изборите во САД

Русија најпрво мора да ги анализира доказите за вината на поединци кои се обвинети во САД за вмешаност во претседателските избори во 2016 година, рекол рускиот претседател, Владимир Путин. Потоа, додал тој, Москва ќе може да донесе независна одлука дали се виновни или не.

„Русија не може да оговори на обвинувањата ако обвинетите не ги прекршиле руските закони“, рекол Путин во интервју за американската телевизија Ен-би-си.

„Со сета почит кон вас (водителката Мегин Кели) и Конгресот, мора да имате луѓе кои се стручни во областа на правото и тоа стопроцентно. А високобразованите луѓе мора да разберат дека ние во Русија не можеме кривично да гониме луѓе ако тие не го прекршиле рускиот закон“, објаснил Путин.

Вашингтон ја обвинува Москва за мешање во претседателските избори во 2016 година, а истрагата за овие обвинувања е во тек. Американскиот претседател, Доналд Трамп, повеќе пати ги отфрли обвинувањата за руска вмешаност, а и Москва повеќе пати ги отфрли обвинувањата дека влијаела на текот на изборите во САД.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари