logo
logo
logo

Путин распоредува нуклеарно оружје во Белорусија

Vecer | 25.03.2023

Путин распоредува нуклеарно оружје во Белорусија

Русија постигна договор со соседна Белорусија за распоредување на тактичко нуклеарно оружје на нејзина територија, изјави рускиот претседател Владимир Путин.

Ваквиот потег нема да ги прекрши обврските од договорот СТАРТ за неширење на нуклеарно оружје, рече Путин и додаде дека САД стационирале нуклеарно оружје на територијата на европските сојузници, јавува ТАС С, а пренесе Ројтерс.

Русија ќе одговори на употребата на муниција со осиромашен ураниум, рече Путин.

Русија има со што да одговори на овој тип муниција, посочи тој, пренесе Спутник.

„Русија има многу такво оружје, но досега не го користеше“, рече тој, додавајќи дека оние што користат таква муниција ќе ја користат против сопствениот народ. Конфликтот во Украина ќе се продолжи само со испорака на оружје од Запад, истакна Путин, пренесува  РИА Новости.

Како што рече претседателот на Русија, таа земја нема да дозволи претерана милитаризација на економијата. Тој исто така рече дека со ограничувањето на употребата на долари, САД ја сече гранката на која седи.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk