logo
logo
logo

Путин прими порака од Зеленски, му ја пренесе индонезискиот претседател

Vecer | 30.06.2022

Путин прими порака од Зеленски, му ја пренесе индонезискиот претседател

Видодо вчера се сретна со Зеленски во Киев, а денеска пристигна во Москва за да разговара со рускиот претседател.

„Ја пренесов пораката на претседателот Зеленски на претседателот Путин“, рече Видодо по разговорот со Путин во Москва.

Тој не кажа каква е пораката, но додаде дека „изразил подготвеност да помогне за двајцата лидери да комуницираат“.

Индонезискиот претседател во моментов претседава со групата земји Г-20 и кризната група на ОН, формирана за справување со заканата од глобалниот глад.

Видодо го покани Зеленски на самитот на Г20 што ќе се одржи на Бали во ноември. АФП пренесува дека Зеленски одговорил дека неговото доаѓање зависи од тоа кој друг ќе биде таму. Имено, Русија е членка на Г20 и се очекува Путин да дојде на самитот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk