Ќе иницира ли уставни промени кои ќе му овозможат уште една кандидатура?

Путин останува на чело на Русија, ги повика Русите да го задржат единството

По пребројувањето на 60 отсто од избирачкиот материјал, очекувано во водство е Владимир Путин со 75,01 отсто од гласовите.

Путин по четврти пат ќе биде руски претседател, веќе по првиот изборен круг, двапати по два последователни мандата раздвоени со премиерската должност, покажуваат прелиминарните резултати објавени во неделата навечер, со што доби од граѓаните доверба уште шест години да ја води просторно најголемата земја на светот.

Според последните податоци втор е кандидатот на комунистите, милионерот Павел Грудинин со 13,38 отсто, трет е утранационалистот од либералната партија Владимир Жириновиски со 6,34 отсто, а на четвртокот место е единствената кандидатка – либералната новинарка Ксенија Собчак со 1,42 отсто поддршка. Другите четворица кандидати, Григориј Јвалински, Борис Титов, Максим Сурајкин и Сергеј Бабурин со последните податоци освојуваат од 0,83 до 0,63 отсто од гласовите.

„Русија има голема иднина пред неа, доколку граѓаните останат обединети", порача рускиот претседател Владимир Путин вечерва на собирот во Москва, откако стана извесно дека тој убедливо освои нов шестгодишен мандат на претседателските избори во Русија. Тој им се заблагодари на гласачите за нивната поддршка.

Говорејќи од бината веднаш зад Црвениот плоштад во Москва пред насобраните граѓани, рускиот претседател рече дека изборниот резултат е признание за она што беше постигнато во изминатите неколку години, и покрај тешките услови.

Рускиот претседател Владимир Путин во изјава за медиумите истакна дека засега нема планови да го промени Уставот на Русија и посочи дека нема повторно да бара мандат за претседател во 2030 година.

Постоечката граница за два последователни мандати значи дека Путин нема да може да се кандидира повтроно во 2024 година без промена на Уставот.

„Засега не планирам уставни промени", рече Путин.

Запрашан дали може да се кандидира на изборите во 2030 година рече:

„Слушај, ми се чини дека она што го кажуваш е малку смешно. Ајде да пресметаме – ќе седам ли овде додека не наполнам 100 години? Не", рече Путин.

Поврзани

Најнови вести

Коментари