Путин: Односите меѓу САД и Северна Кореја се клучни за мирот

Рускиот претседател, Владимир Путин изјави дека од клучно значење за мирот на Корејскиот полуостров е тоа што САД и Северна Кореја ги нормализирале меѓусебните односи. Изјавата следеше по средбата со кинескиот претседател, Си Џинпинг, пренесе „Ројтерс“.

Американскиот претседател Доналд Трамп, вчера доби писмо од севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, за закажување на втор по ред состанок помеѓу двајцата лидери, а Белата куќа изрази волја таквата средба да се одржи.

Портпаролката на Белата куќа, Сара Сандерс, писмото од Ким го опиша како позитивно.

Сандерс пред новинарите рече дека воената парада, која се одржа во неделата во Пјопнгјанг е знак на напредок во преговорите за денуклеаризација, бидејќи во рамки на настанот не била прикажана ниту една нуклеарна ракета со долг домет.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари