Што Трамп коментира за неговиот колега...

Путин не e пријател, а не е ни непријател – тој е само одличен ривал!

 

 

 

 

Американскиот претседател Доналд Трамп изјавил дека неговиот руски колега Владимир Путин е одличен ривал.

"Тој не е пријател, но не е ни непријател, тој ја претставува Русија а јас Америка", истакнал Трамп.

Како што истакнал со нетрпение е во исчекување за средбата со Путин, кој е планиран на 16 јули во Хелсинки.

"Мислам дека одиме на таа средба без претерани очекувања. Ќе видиме што ќе се случи, состанокот може да биде продуктивен, а можеби и нама", рекол тој додавајќи дека главни теми ќе бидат Сирија и Украина, како и дека ќе се постави прашањето за мешањето на Путин во претседателските избори на САД.

Тој го допрел и прашањето за Крим велејќи дека ситуацијата во врска со тој полуостров "воопшто не му се дпаѓа", но повторно потенцирал дека цела таа приказна се случила додека Барак Обама бил претседател на САД.

Додал дека во некоја прилика би сакал да се спријатели со Путин.

Поврзани

Најнови вести

Коментари