Путин му ја честита победата на Мадуро

Рускиот претседател, Владимир Путин испрати поздравна телеграма до Николас Мадуро, по повод неговиот реизбор на функцијата претседател на Венецуела, соопшти Кремљ.

„Во честитката Путин изрази увереност дека активностите на Мадуро на чело на државата и во иднина ќе придонесуваат за развојот на односите на партнерството кое постои помеѓу двете земји“, се вели во пораката.

Покрај тоа, Путин ја потврдил и подготвеноста за продолжување на заедничките активности меѓу Русија и Венецуела во билатералните и меѓународните односи.

Путин му посакал на Мадуро добро здравје, успеси во решавањето на социо-економските предизвици, како и спроведување на националниот дијалог во интересите на венецуелскиот народ.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари