logo
logo
logo

Путин ѝ одговори на студентка, која го обвини дека морала да ги откаже студите во Виена

Vecer | 25.01.2023

Путин ѝ одговори на студентка, која го обвини дека морала да ги откаже студите во Виена

„Се разбира, сигурно ќе дојде време, и нема сомнеж во тоа, кога Европа некако ќе го врати својот суверенитет. Очигледно, тоа може да потрае некое време“, рече Путин, пренесе руската новинска агенција ТАСС.

Студентка од втора година на Универзитетот РУДН, Дарија Семјонова, му кажа на Путин како била принудена да ги откаже студиите во Виена набргу откако Русија ја започна својата специјална воена операција. Државниот универзитет каде студирала транснационална комуникација барал од неа, вели таа, да потпише документи со кои ја поддржува Украина и ја означува Русија како „државен спонзор на тероризмот“.

Путин рече дека нејзината приказна е „пример што потврдува дека на Европа ѝ недостасува независност“ и дека тоа воопшто не го изненадува.

Путин потоа зборувал за целите на војната. „Одбраната на Русија и нејзиниот народ е цел на специјална воена операција“, рече Путин. „Целта на специјалната воена операција, како што многупати претходно кажав, е првенствено да го заштити народот и самата Русија од заканите што му се претставени во нашите историски земји што граничат со нашата територија. Не можеме да дозволиме тоа да се случи“, рече Путин.

Владислав Олеиник, студент на Државниот педагошки универзитет во Луганск, му раскажал на Путин, пишува ТАСС, како учествувал во војната. „Претседателот му се заблагодари нему и на неговите соборци за учеството во борбата за одбрана на нацијата и нашите сонародници“, пишува Тасс.

„Путин ја пофали амбицијата на младиот човек да ја продолжи кариерата во Федералната служба за безбедност (ФСБ), но рече дека жали што студентот на Државниот педагошки универзитет во Луганск не планира да стане професор, бидејќи има побарувачка за такви луѓе во училишта и високообразовни институции“, пишува ТАСС.

„Ви посакувам сѐ најдобро и секако ќе ја земам предвид вашата желба да работите за Федералната служба за безбедност“, му рекол Путин на студентот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk