logo
logo
logo

Путин и Моди потпишаа договор за оружје: Калашникови ќе се произведуваат во Индија

Vecer | 06.12.2021

Путин и Моди потпишаа договор за оружје: Калашникови ќе се произведуваат во Индија

Путин отпатува во Индија придружуван од руските министри за одбрана и за надворешни работи, во време на екстремно затегнати односи меѓу Русија и САД, исто така клучен индиски партнер, кој изрази резервираност за растечката воена соработка меѓу Москва и Њу Делхи.

Во заедничката изјава објавена по разговорите меѓу Путин и индискиот премиер Нарендра Моди се вели дека Русија и Индија „ја повториле намерата да ја зајакнат одбранбената соработка, вклучително и заедничкиот развој во производството на воена опрема“.

Со договорот дека Индија ќе произведува јуришни пушки АК-203, Русија соопшти дека е заинтересирана да продолжи да и` испорачува системи за воздушна одбрана С-400 на Индија.

Индискиот министер за надворешни работи Харш Вардан Шрингла рече дека двете земји потпишале 28 инвестициски договори, вклучувајќи договори за челик, бродоградба, јаглен и енергија. Тој додаде дека договорот од 2018 година за ракетните системи С-400 во моментов се спроведува.

„Испораките започнаа овој месец и ќе продолжат“, рече тој, мислејќи на С-400.

Со договорот со Москва за набавка на воена опрема, Индија ризикува американски санкции.

Руската нафтена компанија Роснефт соопшти дека потпишала договор со Индијан Оил за снабдување на Индија со околу 2 милиони тони нафта до крајот на 2022 година.

Двете земји потпишале и меморандум за разбирање дека Русија треба да и обезбеди на Индија континуирано снабдување со јаглен за да го поддржи нејзиното производство на челик.

Путин и Моди разговарале и за ситуацијата во Авганистан, изразувајќи ја својата посветеност дека земјата никогаш повеќе нема да стане безбедно засолниште за меѓународниот тероризам.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk