Путин и Ердоган в понеделник во Сочи

Кремељ потврди дека се подготвува средба меѓу рускиот претседател Владимир Путин и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, в понеделник во црноморскиот град Сочи.

„Таа средба е можна и се подготвува“ изјави портпаролот на Кремељ, Дмитриј Песков, пренесе Ројтерс.

Турскиот министер за надворешни работи Мевљут Чавушоглу претходно денеска изјави дека Ердоган и Путин в понеделник ќе разговараат за кризата во Сирија.

„Сакаме да постигнеме разрешување на сириската криза по политички пат. Претседателот Ердоган ќе ја разгледа ситуацијата во Сирија со претседателот Путин в понеделник“ рече Чавушоглу.

Претходно, како што е наведено, во Истанбул ќе има средба меѓу помошниците на лидерите на Русија, Германија, Турција и Франција, посветена на Сирија.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари