logo
logo
logo

ПУТИН И БАЈДЕН НАСКОРО ВО ЧЕТИРИ ОЧИ: Ова ќе биде една од главните теми на историскиот состанок

Vecer | 28.04.2021

ПУТИН И БАЈДЕН НАСКОРО ВО ЧЕТИРИ ОЧИ: Ова ќе биде една од главните теми на историскиот состанок

Двајцата лидери овој месецов одржале телефонски разговор.

Соработка во сајбер простор ќе биде една од темите на потенцијалниот самит на претседателот на Русија и САД, Владимир Путин и Џо Бајден, изјавил директорот на департментот за информациона безбедност при Министерството за надворешни работи на Русија Андреј Крутски.

Дипломатот потсетил дека уште во 2020 година Русија им предложила на САД да воспостават дијалог во сајбер сферата, вклучувајќи и мерките за доверба, и да се искористат линиите за директен дијалог за взаемно информирање за инцидентите и кои се важни, за нивно спречување.

- Тоа е пакт за мирот. Ние тоа го понудивме, не само на САД, туку и на други држави. Тогаш Американците не реагираа на тоа, но сигурно е дека темата за информацина безбедност ќе биде меѓу важните теми на самитот меѓу САД и Русија на највисоко ниво – нагласил Крутски.

Бајден и Путин кон средина на месецов одржале втор телефонски разговор од инагурацијата на американскиот претседател. Како што соопштил Кремељ, претседателите детално разговарале за билатералните односи и низа маѓународни прашања. Белата куќа навела дека Бајден му предложил на Путин во следните месеци да одржат заеднички состанок “во трета земја“

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk