Путин бара од САД да објаснат зошто го напуштаат Договорот за вооружување

Рускиот претседател, Владимир Путин ќе побара од Џон Болтон објаснување за тоа зошто Вашингтон планира да се повлече од Договорот за контрола на вооружувањето.

Путин објаснувањето ќе го побара следната недела во Москва за време на средба со советникот за националната безбедност на САД, извести „Ројтерс“, цитирајќи изјава од портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Поранешниот советски лидер, Михаил Горбачов, договорот го потпиша во 1987 година заедно со тогашниот претседател на САД, Роналд Реган.

Трамп во саботата рече дека ќе истапи од овој Договор бидејќи Русија, како што наведе, со години го крши, а документот спречува САД да развива ново оружје.

Договорот забранува САД и Русија да поседуваат, произведуваат или тестираат ракети со домет од 500 до 5.500 километри.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари