Пукано во вила во која биле Канје Вести и Текаши69

Американските медиуми пренесуваат дека најмалку осум куршуми биле испукани во правец на вила во која се наоѓале музичарите Канје Вест и Текаши69.

Инцидентот се случил во вила во Беверли Хилс, која била изнајмена за снимање на видео-спот.
Медиумите пренесуваат дека во вилата требала да биде и пејачката Ники Минаж.

Нема повредени во инцидентот, но констатирано е дека еден куршум го пробил прозорецот на една од спалните соби.

Според американските медиуми, Текаши69 бил мета на напад и за време на снимањето на спотот со 50 Сент во август годинава.

Поврзани

Најнови вести

Коментари