logo
logo
logo

Северен ток 2 ЌЕ ПОЧНЕ ДА ФУНКЦИОНИРА - Првиот крак НАПОЛНЕТ СО ГАС

Vecer | 19.10.2021

Северен ток 2 ЌЕ ПОЧНЕ ДА ФУНКЦИОНИРА - Првиот крак  НАПОЛНЕТ СО ГАС

Првиот крак на гасоводот Северен тек 2 е исполнет со технички гас.  Како што е прецизирано, испумпани се околу 177 милиони кубни метри гас, што обезбеди ниво на притисок од 103 бари, што е доволно за во иднина да започне транспортот на овој извор на енергија во оваа насока.

Што се однесува до другиот крак на гасоводот, како што се наведува, работите за ставање во функција на гасоводот се уште се во тек, пишува Спутник.

Претходно, вицепремиерот на руската Влада, Александар Новак, изјави дека пуштањето во употреба на гасоводот „Северен тек 2“ ќе помогне да се стабилизира ситуацијата на пазарот за гас.

Гасоводот Северен тек 2 се протега од брегот на Русија преку Балтичкото Море до Германија и се состои од два краци со вкупен капацитет од 55 милијарди кубни метри гас годишно. Неговата изградба заврши на 10 септември.

Во моментов е во тек процесот на сертификација на операторот на гасоводот, Северен тек 2 АГ. Тоа ќе се одвива во две фази: прво, германскиот регулатор ќе изготви одлука, а потоа Европската комисија ќе ја даде својата проценка. Целиот процес, според законските барања, германскиот регулатор доби целосен пакет документи потребни за сертификација во септември.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk