logo
logo
logo

Првата дама на САД ќе биде подложена на медицински третман

Vecer | 14.04.2021

Првата дама на САД ќе биде подложена на медицински третман


Белата куќа денеска објави дека претседателот Џо Бајден ќе ја придружува неговата сопруга Џил, која денеска оди на вообичаена медицинска процедура.

Според претседателскиот кабинет, двајцата потоа ќе се вратат во Белата куќа и ќе продолжат сo својот вообичаен распоред, објави агенцијата АП.

Од Белата куќа не прецизираат за каква процедра се работи.

Подоцна денеска, американскиот претседател треба да и се обрати на нацијата за плановите за повлекување на американските трупи од Авганистан до 11 септември 2021 година.

Потоа тој ќе ја посети алеата 60 на националните гробишта во Арлингтон, каде почиваат многу американски војници кои ги загубија своите животи во Авганистан и Ирак.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk