logo
logo
logo

ПРВА ЗЕМЈА КОЈА ТЕСТИРА „КОВИД ПАСОШИ“ - За што ќе се користи, а кога и во цела ЕУ

Vecer | 21.04.2021

ПРВА ЗЕМЈА КОЈА ТЕСТИРА „КОВИД ПАСОШИ“ - За што ќе се користи, а кога и во цела ЕУ

Франција стана првата земја-членка на ЕУ што започна со тестирање дигитален патнички анти корона -сертификат како дел од  планот низ Европа за кој Брисел се надева дека ќе им овозможи на луѓето летово да патуваат слободно низ европскиот блок.

Апликацијата TuAntiKovid, е дел од државната програма за пребарување контакти, и е надградена за складирање на негативни резултати од тестови на мобилни телефони на патници, а од оваа недела ќе се тестира на летови до Корзика и прекуокеанските летови, објави Гардијан.

Тестирањето ќе биде продолжено од 29 април за да опфати сертификати за вакцинација, изјавија официјални лица за „Монд“ и системот на крајот може да биде усвоен и за јавни настани како што се концерти, фестивали и саеми, но не за барови и ресторани.

Европскиот комесар за правда Дидие Рејндерс минатата недела рече дека очекува дигиталниот зелен сертификат на Европската унија да профункционира до 21 јуни.

Сертификатот е итен приоритет за земјите-членки во јужна Европа чии економии се уништени од пандемијата.

Шемата намерно не беше наречена „вакцинални пасоши“ со цел да се избегне дискриминација на луѓето кои сè уште не ја примиле вакцината.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk