logo
logo
logo

Британците се вртат ПРОТИВ ХАРИ И МЕГАН

Vecer | 13.03.2021

Британците се вртат ПРОТИВ ХАРИ И МЕГАН

Популарноста на принцот Хари и Меган Маркл во Велика Британија нагло падна и никогаш не била пониска како во моментовв. Секако, причините треба да се бараат интервјуто дадено кај Опра Винфри.

За време на интервјуто емитувано минатата недела, Меган спомена дека и биле игнорирани молбите за помош кога размислувала за самоубиство и дека неименуван член на семејството прашал колку може да биде темна кожата на нивниот син Арчи.

Во меѓувреме, внукот на кралицата Елизабета, Хари се пожали и на реакцијата на неговото семејство кога парот решил да се повлече од службените должности.

Според анкетата, ова е период на криза за британската монархија.

Во анкетата, 48 проценти од 1.664 испитаници рекле дека имаат негативен став кон Хари во споредба со 45 проценти кои имале позитивен став, што е прв пат принцот да биде оценет негативно и да падне за 15 проценти за разлика од периодот пред интервјуто.

Во меѓувреме, само три од десет лица имаат позитивен став за Меган, а 58 проценти изразиле негативен став. Постои голема поделба на генерациите, затоа повеќето испитаници на возраст меѓу 18 и 24 години имаат позитивен став кон Хари и Меган, а оние над 65 години имаат негативни ставови кон нив.

Единствениот друг член на семејството чија популарност опадната е принцот Чарлс, таткото на Хари и наследник на монархијата: 42 проценти од испитаниците имале негативно мислење за него, а 49 проценти имале позитивно мислење.

Сепак, позитивен став кон 94-годишната кралица изразиле 80 проценти од испитаниците. Посебна анкета, спроведена делумно пред да се прикаже интервјуто во Велика Британија, покажала дека поддршката за монархијата не е променета и дека 65 проценти од испитаниците ја поддржуваат институцијата.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk