logo
logo
logo

Протестен перформанс на стјуардесите во Рим - ја СОБЛЕКОА униформата и стоеја во тишина (ВИДЕО)

Vecer | 21.10.2021

Протестен перформанс на стјуардесите во Рим - ја СОБЛЕКОА униформата и стоеја во тишина (ВИДЕО)

Десетици стјуардеси кои работеа за пропаднатата италијанска авиокомпанија Алиталија, протестираа во центарот на Рим. Тие одржаа протестен перформанс на кој се распоредија на плоштадот и полека соблекоа дел од униформите додека не останаа во долна облека, пренесува AP.

Алиталиа долго време се бореше со финансиски проблеми, и на 14 октомври, последниот лет на оваа авиокомпанија слета во Рим. Следниот ден, нова компанија ИТА започна со работа, преземајќи некои авиони на Алиталија. ИТА го купи брендот Алиталија, но тие презедоа само околу три илјади работници од вкупно 10 илјади.

[embed]https://www.youtube.com/watch?v=ieoLp571iLw[/embed]

Синдикатите велат дека оние што се согласуваат да работат за ИТА добиваат значително помали плати.

Педесет поранешни стјуардеси затоа дојдоа на плоштадот Кампидољо каде што се наредија во редици. Тие прво ги фрлија торбите на подот, а потоа почнаа да соблекуваат по едно парче од униформата. На крајот останаа боси и во долна облека и така стоеја неколку минути во тишина, потоа ги подигнаа своите работи од подот и заедно извикаа „Ние сме Алиталија“ !.

Претставниците на синдикатите бараат од италијанската влада да ги продолжи надоместоците за невработеност за период од пет години.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk