ВЕСТА ШТО ГО ПОТРЕСЕ СВЕТОТ

Пронајдени отсечените глава и нозе на убиената новинарка

Главата е пронајдена во пластична кеса, заедно со нозете, потврди инспекторот од полицијата во Копенхаген Јенс Молер. Во втората пронајдена кеса полицијата ја пронашла облеката на новинарката. Распарченото тело на Ким Вал инаку е пронајдено во близина Копенхаген, 11 дена откако таа се качила на подморницата на бизнисменот Петер Мадсен.

Отсечената глава на шведската новинарка која под мистериозни околности беше убиена пред два месеца во подморница на дански бизнисмен е пронајдена vikendov.

Главата е пронајдена во пластична кеса, заедно со нозете, потврди инспекторот од полицијата во Копенхаген Јенс Молер. Во втората пронајдена кеса полицијата ја пронашла облеката на новинарката. Распарченото тело на Ким Вал инаку е пронајдено во близина Копенхаген, 11 дена откако таа се качила на подморницата на бизнисменот Петер Мадсен. Новинарката Ким е исчезна на 10 август, а нејзината последна фотографија додека стои на кулата на подморницата ја фотографирал брод во минување. Следниот ден нејзиното момче го пријавило исчезнувањето на Ким. Рибарски брод кој се вклучил во потрагата го спасил бизнисменот Мадсен, чија подморница потонала поради дефект.

Три дена подоцна било откриено дека подморницата била намерно потопена. Торзото без глава и екстремитети, за кое со ДНК анализа било утврдено дека и припаѓа на новинарката Ким Вал, случајно го пронашол еден велосипедист. Мадсен кој во меѓувреме призна дека телото на мртвата новинарка го фрлил во море, тврди дека се било несреќа.

Поврзани

Најнови вести

Коментари