logo
logo
logo

НАЈСТАРАТА ЖЕНА НА СВЕТОТ?! Тврди дека има 124 години, ја открија на вакцинација (ВИДЕО)

Vecer | 05.06.2021

НАЈСТАРАТА ЖЕНА НА СВЕТОТ?! Тврди дека има 124 години, ја открија на вакцинација (ВИДЕО)

Инсистирањето на властите во Индија да ги вакцинираат најстарите граѓани што е можно поскоро доведе до откривање на веројатно најстарата жена во светот.

Според медиумите во Индија, лекарите кои биле во посета на најстарите граѓани за да им дадат доза од вакцината, наишле на Рехта Бегум.

Бегум тврди дека има 124 години, што ја прави седум години постара од Јапонката Кане Танака, која во моментов е позната како најстарата жена на светот.

Ако Бегум има навистина 124 години, тоа би значело дека таа е две години постара од Жин Калмент, Французинка која почина на 122 години во 1997 година и која официјално е призната како најстарата жена досега.

Таа покажла картичка за топол оброк на која пишува дека има 124 години.

Лекарите потврдија дека на Бегум вакцината и била дадена во средата во областите Јаму и Кашмир.

https://youtu.be/BBs1W4PO-VQ

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk