logo
logo
logo

Продолжуваат масовните протести во Израел

Vecer | 28.03.2023

Продолжуваат масовните протести во Израел

Центарот на саботните протести ќе биде Тел Авив, но демонстрации ќе се одржат на многу места во Израел, пишува „Џерусалим пост“.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вчера соопшти дека, поради притисокот врз владата што ја предводи, привремено ја одложува реформата на судството по неколкумесечните масовни протести кои кулминираа оваа недела.

Нетанјаху рече дека одложувањето претставува „вистинска можност за дијалог“, но во исто време додаде дека „во секој случај“ реформата ќе биде усвоена за „да се врати рамнотежата“ меѓу гранките на власта во Израел.

Премиерот на Израел предложи одложувањето да трае до почетокот на летното заседание на Кнесетот, закажано за 30 април. /МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk