logo
logo
logo

Продолжува хаосот во Мјанмар, убиени најмалку 14 демонстранти

Vecer | 14.03.2021

Продолжува хаосот во Мјанмар, убиени најмалку 14 демонстранти

Безбедносните сили на Мјанмар убиле најмалку 14 демонстранти во областа на Јангон, а некои локални медиуми објавија за поголем број на мртви.

Некои портали објавија дека информациите дошле од спасувачи и болница во близина на индустрискиот кварт во градот.

Во исто време, државната телевизија МРТВ објави дека еден полицаец е убиен, а тројца се повредени за време на денешниот протест во градот Багo.

Во извештајот се наведува дека демонстрантите фрлале камења кон полицијата и дека се утврдува дали користеле оружје.

Досега, според армијата, само еден полицаец починал од повреди за време на протестите, додека повеќе од 80 демонстранти се убиени.

Во Мјанмар повеќе од еден месец се одржуваат демонстрации во знак на протест поради државниот удар со кој војската ја презеде власта на 1 февруари.

 

makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk