logo
logo
logo

Продолжува еколошката и хуманитарна катастрофа во Украина

Vecer | 07.06.2023

Продолжува еколошката и хуманитарна катастрофа во Украина

Ден по уништувањето на браната Каховка, десетици илјади цивили се евакуираат поради најдодените води, а во опасност покрај луѓето е и животинскиот свет. Според информациите, за сега десетина лица лица се водат за исчезнати, а во опасност се над 40 илјади лица. Украинскиот претседател Зеленски рече дека украиснкиот јавен обвинител упатил нота до Меѓународниот кривичен суд да спроведе истрага за експлозијата на браната.

„Целиот свет ќе знае за ова руско воено злосторство, злосторството екоцид. Ова намерно уништување на браната и другите објекти на ХЕ од страна на руските окупатори е еколошка бомба за масовно уништување. Заради сопствената безбедност, светот сега треба да покаже дека Русија нема да се извлече од таков терор.“- Володимир Зеленски, Претседател на Украина

Двете страни во меѓувреме прстот и денеска го вперуваат еден кон друг, а обвинувањата за тоа кој стои зад уништувањето на браната стигна и до советот за безбедност на Обединетите Нации. Украина тврди дека браната е минирана од руската армија, а делото го квалификуваше како терористички акт.

„Ова е терористички акт против украинската критична инфраструктура кој има цел да предизвика голем број цивилни жртви и што е можно повеќе штета. Прибегнувајќи кон тактика на опустошување на земјата или во овој случај тактика на поплавување на земјата руските окупатори препознаа дека заробената територија не им припаѓа ним и тие не се способни да ги задржат овие територии.“- Сергиј Кислица, Укриански претставник во ОН

Рускиот претставник во ОН пак, тврди дека зад саботажата која ја нарече воено злосторство, според него стои официјален Киев.

-Саботажата спроведена од страна на Киев има две очигледни цели, првата е да привлече максимално внимание со цел да се создадат поволни можности за прегрупирање на своите единици со цел да се продолжи широко распространетата контраофанзива која е очигледно заглавена и не ја постигнува целта поставена од страна на властите во Киев.- Василиј Небензја, Рускиот претставник во ОН

На терен пак, продолжуваат спасувачките дејствија од двете страни. Дел од градовите веќе по течението на реката Дњепр веќе се целосно под вода, а спасувачите се во борба со времето да спасат што е можно повеќе човечки животи. На социјалните мрежи излегоа и видеа од луѓе како се спасуваат одејќи низ поплавените улици и притоа носејќи деца на раменици, додека спасувачи со гумени чамци ги пребаруваат областите каде водите достигнуваа над главата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk