Припадници на ПКК нападнаа Турци во Германија

Поддржувачи на терористичката група ПКК во четвртокот изврши напад врз турска младинска организација ТГБ во северозападна Германија.

На социјалните мрежи се појави видео на кое се прикажани двајца маскирани напаѓачи кои кршат прозорци на зградата на огранизацијата и пишуваат „Поздрав од ПКК“ на ѕидовите.

Терористичката група презеде одговорност за нападот преку објава на интернет и се закани дека ќе изврши повеќе напади во Германија.

Симпатизерите на ПКК во скоро време повикаа на протести во Германија против Турција и анти-терористичките операции кои земјата ги врши во Сирија. ПКК организираше демонстрации и повика на ослободување на еден од нејзините лидери, Абдулах Оџалан.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари