logo
logo
logo

Пригожин: Регрутирањето затвореници од руските затвори во „Вагнер“ го намали криминалот во Русија до 20 пати

Vecer | 25.03.2023

Пригожин: Регрутирањето затвореници од руските затвори во „Вагнер“ го намали криминалот во Русија до 20 пати

Основачот на руската паравоена формација Вагнер објави информација дека на повеќе од 5.000 затвореници кои биле членови на оваа организација им истекол договорот и дека веќе добиле помилување од државата.

Меѓу другото, Пригожин рече дека регрутирањето затвореници од руските затвори во Вагнер го намалува криминалот за 10 до 20 пати.

„Во овој момент, договорот со Вагнер е истечен за повеќе од 5.000 затвореници и тие се помилувани. Процентот на луѓе кои извршиле второ кривично дело во рок од еден месец по завршувањето на службата е 0,31 отсто. Затоа, морам да кажам, го намаливме криминалот во Русија за десет пати“, рече Пригожин.

Претходно, Пригожин објасни дека договорот со затворениците бил склучен на шест месеци.

„Нема точни проценки за бројот на затвореници регрутирани од Вагнер. Сепак, од почетокот на 2022 година, бројот на затвореници е намален за 32 илјади луѓе. Во есента 2022 година, беше забележан остар пад на бројот на затвореници“, пишува Комерсант.

Инаку Институтот за проучување на војната во најновата анализа, објави дека првиот човек на „Вагнер“, Евгениј Пригожин ја омекнал својата реторика кон руското Министерство за одбрана „веројатно од страв дека би можел целосно да остане без неговите војници кои се борат во Бахмут“.

Пред неколку дена Пригожин изрази загриженост за можна украинска контраофанзива во источна Украина. Тој вели дека Украина има 200.000 резервисти кои се подготвуваат за напад долж линијата на источниот фронт. Тој исто така тврди дека Украинците во моментов имаат 80.000 војници во Бахмут, Словјанск и Костијантинивка за да извршат контранапад.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk