Претседателот на Либерија им нареди на сите службеници да го пријават својот имот

Претседателот на Либерија Џорџ Веа им нареди оние службеници кои се уште го немаат пријавено својот имот да го сторат тоа или да се соочат со казнени мерки според законот.

Тој изјави дека пријавувањето на имотот додека тој е на власт ќе се применува целосно и нема да има никакви исклучоци.

Веа, кој е поранешен фудбалер, им порача на граѓаните на Либерија за време на неговата кампања дека владата има нулта толеранција за корупција.

Според законот службените лице се должни да го пријават својот имот пред да стапат на функција.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари