Телото на поранешниот италијански премиер Алдо Моро беше пронајдено на 9.05.1978 година на задното седиште од автомобил во центарот на историскиот Рим, изрешетано од куршуми. Тој беше киднапиран од терористите на Црвена бригада на 16 март по крвавиот напад во близина на неговиот дом. Италијанската влада одби да преговара со екстремно левичарската група, која, по бројните закани, го погуби Моро на 9 мај.

Тој двапати беше премиер на Италија и важеше за прв кандидат за претседател на Италија на изборите закажани за декември. Денес, тој е запаметен како човек на кого „родната држава му го сврте грбот“.

За многумина, Алдо Моро беше најсериозниот италијански повоен политичар. Како лидер на Христијанско-демократската партија, тој беше премиер на Италија во два наврати во 1960 и 1970 година и ја унапреди соработката меѓу италијанските политички партии. Кога го формираше првиот кабинет во 1963 година, тој ги вклучи социјалистите, кои учествуваа во италијанската влада за прв пат по 16 години. Неговиот последен мандат како премиер беше во 1976 година, а во октомври 1976 година стана претседател на Демохристијанската партија.

На 11 март 1978 година, Моро помогна да се стави крај на владината криза кога се согласи на парламентарна коалиција меѓу комунистите и доминантните демохристијани. Само пет дена подоцна, кога ја напушти својата куќа и тргна кон Собранието за да формира нова влада, беше нападнат од група вооружени терористи на Црвена бригада. Петмина телохранители на Моро беа убиени за помалку од една минута, а политичарот беше киднапиран и однесен во непознат правец.

На 18 март, Црвената бригада издаде соопштение во кое ја презеде одговорноста за киднапирањето и наведе дека Моро ќе биде подложен на „народно судење“.

Комунистичко-терористичката вооружена формација Црвена бригада, основана во 1970 година од Италијанецот Ренато Чурчијо, учествуваше во бомбашки напади, атентати, киднапирања и грабежи на банки како користеше средства за промовирање на комунистичката револуција во Италија.

Италијанската комунистичка партија, која ја поддржуваше демократијата и учествуваше во Парламентот, ја осуди терористичката Црвена бригада, а Црвената бригада ја обвини Комунистичката партија дека е пион на буржоазијата.

На водачот и на 12 други членови на организацијата им се судеше во Торино кога беше киднапиран Моро, а правната постапка беше прекината само кратко по неговото киднапирање.

Италијанската влада одби да преговара со киднаперите, тврдејќи дека таквата акција ќе ја поткопа државата и ќе ја фрли Италија во хаос.

Некои критичари ги обвинија демохристијаните дека попуштиле на притисокот од Комунистичката партија, чии водачи беа уште посилно против дијалогот со Црвената бригада. Полицијата и армијата уапсија стотици осомничени терористи и ја пребаруваа земјата во потрага по „народниот затвор“ во кој се наоѓаше Моро, но не успеаја да најдат цврсти траги.

На 19 март и 4 април беа доставени писма што Моро очигледно ги напишал слободно со барање од владата да преговара. Владата проба тајни разговори, но на 15 април, Црвената бригада ги отфрли овие преговори и објави дека Моро е прогласен за виновен и осуден на смрт.

Заканите за негово погубување не доведоа никаде, а на 24 април терористите побараа ослободување на 13 припадници на Црвената бригада во замена за животот на Моро.

На 7 мај, Моро и испратил проштално писмо на неговата сопруга.

– Ми рекоа дека наскоро ќе ме убијат, те бакнувам за последен пат – напиша Моро во писмото.

Два дена подоцна, неговото тело беше пронајдено во автомобил, на улицата Каитани во Рим, што е, симболично, на половина пат помеѓу седиштето на демохристијаните и комунистите.

Црвените беретки го осудија премиерот на смрт.

Според желбата на Моро за време на киднапирањето, ниту еден италијански политичар не бил поканет на неговиот погреб. Во текот на следната деценија, многу водачи и припадници на Црвената бригада беа уапсени, а организацијата беше значително ослабена.

Убиецот Просперо Галинари, терорист, сторителот кој го застрела Моро со единаесет куршуми, подоцна беше уапсен и осуден.

Случајот предизвика големо внимание со децении подоцна, а многу историчари и очевидци во тоа време сметаат дека не е направено доволно за ослободување на премиерот и дека италијанската држава избра да го жртвува.

Неколку дена пред неговата смрт, Алдо Моро им ја испрати следната порака на своите поранешни пријатели кои го напуштија: „Ако не преземете ништо, оваа страница во историјата на Италија ќе биде испишана со крвави букви. Мојата крв ќе ве попрска и вас, партијата и народот“.