logo
logo
logo

Премиерот на Грузија ги обвини Карл Билт и жена му дека земале милиони

Vecer | 26.06.2022

Премиерот на Грузија ги обвини Карл Билт и жена му дека земале милиони

-Карл Билт земал милиони од буџетот за време на владеењето на Националното движење, сега излегува и ни држи лекции, изјави премиерот на Грузија, Иракли Гарибашвили на пленарната седница на Парламентот.

Според премиерот, тој го знае идентитетот на лобистите поткупени од буџетот.

Гарибашвили го наведе поранешниот шведски премиер и министер за надворешни работи Карл Билт како еден од нив.

„Имам имиња на лобисти купени од буџетот. Се ќе ви кажам. На Карл Билт му плативте милиони од буџетот на пример. Компанијата на сопругата на Карл Билт одзеде милиони за време на вашето владеење, сега тој излезе и ни дава лекции. Кажи му го ова веднаш. Почни да пишуваш веднаш“, рече Гарибашвили.

Билт на Твитер кажа дека премиерот е трагедија за таа, во суштина фина земја.

Во меѓувреме, шведскиот обвинител вели дека е можно покренување истрага против Карл Билт за корупција.

Фото: Patrik Österberg

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk