logo
logo
logo

Премиерката на Нов Зеланд порача: Задолжителна вакцинација на вработените на граница

Vecer | 12.04.2021

Премиерката на Нов Зеланд порача: Задолжителна вакцинација на вработените на граница


Премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн изјави дека луѓето кои работат на границите мора да бидат вакцинирани до крајот на овој месец или да ризикуваат да останат без работа, откако во нивните редови беше пријавен третиот случај на инфекција со коронавирус.

Нов Зеланд практично го елиминираше вирусот во рамките на своите граници и не е забележан никаков локален пренос повеќе од 40 дена. Сепак, еден работник на границата, кој двапати ја пропуштил вакцинацијата, имаше инфекција минатата недела. Оттогаш, регистрирани се уште два случаи на инфекција.

До крајот на април, луѓето кои не биле вакцинирани нема да можат да работат на места кои носат ризик од инфекција и ќе бидат префрлени на други позиции, рече Ардерн, додавајќи дека вакцинирани се 86 проценти од работниците на границата.

Нов Зеланд минатата недела го прекина влезот на патници од Индија, вклучително и нејзините граѓани, по зголемениот број на позитивни случаи од оваа земја.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk