logo
logo
logo

Прекината седницата на Советот за безбедност, Русија реагираше на знамето на Косово

Vecer | 13.04.2021

Прекината седницата на Советот за безбедност, Русија реагираше на знамето на Косово


Седницата на Советот за безбедност на Обединетите нации за Косово и Метохија беше прекината набргу откако започна, бидејќи претставникот на Русија, Димитриј Полјански, побара претставникот на Приштина да го смени или отстрани знамето на Косово, затоа што, како што нагласи, т.н. Косово не е универзално призната држава.

„Тоа е територија и осум членки на Советот за безбедност на ООН не го признаваат Косово како држава“, нагласи Полјански.

Тој додаде дека Русија не е против учеството на претставниците на Косово на состанокот. Полјански побара претставникот на Косово „ да ја смени позадината или да го отстрани знамето“ со цел да ја продолжи сесијата, по што зборуваше претставникот на Велика Британија.

[embed]https://www.youtube.com/watch?v=Ka4BElF4_3w[/embed]

Британскиот претставник одговори дека оваа сесија не е официјален состанок на Советот за безбедност на кој се применуваат тие правила и додаде дека последниот состанок има иста позадина како и денес, поради што, како што рече, „не гледа причина“ да побара од приштинскиот претставник да ја смени позадината на знамето на Косово.

Српскиот министер за надворешни работи Никола Селаковиќ протестираше поради злоупотребата на видео-фоирматот на седницата од страна на Приштина, со цел промовирање на симболи на, како што рече, „лажната држава“.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk