Трамп до Тилерсон:

Преговарањето со Пјонгјанг е чисто губење време

Сочувај ја силата Рекс, ќе направиме тоа што треба да го направиме!, наведува Трамп во пораката

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека побарал од државниот секретар Рекс Тилерсон да не губи време за преговори со Северна Кореја.

– Му реков на Тилерсон, дека се губење време се напорите за преговарање со "малиот човек-ракета", напиша Трамп на Твитер само еден ден откако Тилерсон објави дека САД директно комуницирале со Северена Кореја за нуклеарната и ракетна програма, но Пјонгјанг не покажал интерес за дијалог.

– Сочувај ја силата Рекс, ќе направиме тоа што треба да го направиме!, наведува Трамп во пораката.

Поврзани

Најнови вести

Коментари