logo
logo
logo

Предвремени парламентарни избори на Исланд

Vecer | 30.11.2024

Предвремени парламентарни избори на Исланд

Главна тема во предизборната кампања беше евентуалното членство во ЕУ, прашање што беше поставено во предизборната кампања првпат по повеќе од десет години. Истражувањата на јавното мислење покажуваат дека гласачите ги поддржуваат проевропските партии.

Според анкетите владејачката тројна коалиција на Лево зелениот сојуз, конзервативната Партија на независноста и централно-десничарската Прогресивна партија, кои се на власт изминатите седум години, најверојатно ќе ги изгубат изборите.

Опозициската Реформска партија, која води во анкетите со околу 20 проценти од гласовите, што е исто колку и Социјалдемократски сојуз, сака да организира референдум за членство на Исланд во ЕУ доколку победи на изборите. Според најновите истражувања на јавното мислење дека двете партии заедно би можеле да добијат 40 отсто од гласовите.

Премиерот на Исланд, Бјарни Бенедиктсон го распушти Парламентот во октомври и распиша избори поради несогласувањето во владејачката трипартитна коалиција во која беа вклучени неговата Партија за независност, Прогресивната партија и Левиот зелен сојуз.

Исланд со население од 384.000 жители од 2017 година има релативна политичка стабилност и е една од најбогатите земји во Европа. Земјата е позната по туризмот, риболовот, евтината геотермална енергија и производството на алуминиум. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk