logo
logo
logo

Предупредување за Авганистан: Милиони би можеле да умрат од глад, децата се најзагрозени

Vecer | 25.10.2021

Предупредување за Авганистан: Милиони би можеле да умрат од глад, децата се најзагрозени

Милиони Авганистанци, вклучително и деца, би можеле да умрат од глад доколку не се преземат итни мерки за да се врати нивната земја од работ на колапс, рече Извршниот директор на Светската програма за храна (WFP) Дејвид Бизли кој повика на ослободување на замрзнатите средства од Авганистан за хуманитарни цели.

Бизли за Ројтерс изјави дека 22,8 милиони луѓе, повеќе од половина од 39-те милиони жители на Авганистан, се соочуваат со акутна несигурност кога станува збор за храна и гладуваат, во споредба со 14 милиони пред само два месеци.

Според него, предвидувањата се остваруваат многу побрзо од очекуваното.

„Кабул падна побрзо отколку што некој очекуваше, а економијата паѓа побрзо од тоа“, рече Бизли.

Тој рече дека доларите наменети за развојна помош треба да се насочат кон хуманитарна помош, што некои земји веќе го направиле или замрзнатите средства да се канализираат преку агенцијата.

„Мора да ги одмрзнете овие средства за луѓето да можат да преживеат“, истакна Бизли.

На Агенцијата за храна на ОН и се потребни до 220 милиони долари месечно за делумно да нахрани речиси 23 милиони ранливи луѓе како што се приближува зимата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk