logo
logo
logo

Познатиот епидемиолог ПОТВРДИ: Вакцината „АстраЗенека“ има добра ефикасност

Vecer | 13.04.2021

Познатиот епидемиолог ПОТВРДИ: Вакцината „АстраЗенека“ има добра ефикасност

– Водечкиот американски епидемиолог Ентони Фаучи верува дека на Американците можеби нема да им биде потребна вакцината „АстраЗенека“ поради поседувањето вакцини од другите производители.

Вакцината „AстраЗенека“ против Ковид-19 има добра ефикасност, но мора да се решат проблемите со безбедноста, рече врвниот американски експерт за заразни болести. -Мислам дека вакцината „АстраЗенека“, од гледна точка на ефикасноста, е добра вакцина и, доколку се отстранат безбедносните проблеми во Европската унија, ефикасноста на оваа вакцина е навистина добра, изјави Фаучи за Би-Би-Си радио.

Меѓутоа, додаде тој, „ не е јасно дали некогаш ќе користиме „AстраЗенека“ или не, но во овој момент се чини дека нема да ни треба. Ова не е негативно обвинение против „AстраЗенека“, туку едноставно тоа е можно со оглед на набавките што ги имаме од другите компании„ додаде Фаучи.

Во време кога САД ги ублажуваат ограничувањата за Ковид-19, Фаучи рече дека постои „навистина ризична ситуација“ кога повторно се отворија барови и ресторани на некои места каде што не беше спроведена мерката за носење маски. Фаучи смета дека не е време за предвремено прогласување победа со пандемијата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk