Познатиот норвешки теоретичар на заговор против Ковид-19, Ханс Кристијан Гардер (60) починал на 6 април, а обдукцијата утврди дека тој бил позитивен на коронавирус.
Неколку дена пред неговата смрт, Гардер направил два илегални собира во штала на неговиот имот на 40 километри од Осло, на 26 и 27 март, објави „Дејли меил“.
Неколку гости биле позитивни на Ковид-19 и го пренеле вирусот на луѓе кои биле во близок контакт со нив.
Локалниот весник „Хаделанд“ објави дека најмалку 12 лица биле позитивни на корона откако присуствувале на настаните, а полицијата сега се обидува да го утврди бројот на присутни.
Локалните власти веруваат дека Гардер можеби бил болен неколку недели пред да извести некого.
Гардер бил добро познат теоретичар на заговор, се појавувал на телевизија и уредувал онлајн магазин. Тој упорно тврдел дека Ковид-19 е сличен на настинка и споделувал податоци на „Фејсбук“, каде неговите објави беа обележувани како „лажни информации“ од страна на платформата.
makfax.com.mk