logo
logo
logo

Познат Русин е пуштен од притвор и веднаш мобилизиран: Ми се заканија со силување

Vecer | 02.10.2022

Познат Русин е пуштен од притвор и веднаш мобилизиран: Ми се заканија со силување

Булгаков наведува дека бил ослободен во 6 часот на 30 септември, а полицијата го пресретнала на пат кон дома, го уапсила и го однела во Центар за регрутирање. Булгаков со себе ја немал воената книшка и им рекол дека поради здравствени причини не е способен за војска. Сепак, му била доставена покана да се јави во армијата на 3 октомври.

„Службеникот пред полицаец и двајца сведоци ми кажа дека доколку не се појавам, ќе се соочам со кривична постапка, затвор, а патриотските затвореници сексуално ќе ме малтретираат“, рече Булгаков.

„Читањата на Мајаковски“, кои беа прогласени за „антимобилизација“, се одржаа во Москва на 25 септември. Следниот ден, вработени во Министерството за внатрешни работи извршија претрес во домот на московскиот поет Артем Камардин, учесник во читањето. Ги тепале и мачеле сите во станот, а според зборовите на неговиот адвокат, Камардин го силувале со стап.

Камардин, Егор Штоба и Николај Дајнеко се осомничени за кривично дело поттикнување омраза, понижување и насилство против „волонтерските вооружени групи“. Булгаков е обвинет за непочитување на наредбите на офицер.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk