logo
logo
logo

Познат е мотивот на мајката од Франција, која си ги уби трите деца

Vecer | 14.11.2024

Познат е мотивот на мајката од Франција, која си ги уби трите деца

Дебора Пел (45) наводно ги избодела своите деца Џулс (2), Ноа (11) и Викторија (13) во нивниот дом во Танинг во вторникот, пред да се упати кон соседна Швајцарија, каде што подоцна била пронајдена мртва во ауди.

Локалните жители сега тврдат дека Дебора можеби „сакала да се одмазди со убивање на децата“ откако „со партнерот работите не оделе добро“ и тој се оддалечил, според Le Parisien.

Мажот, кој е татко на најмалото дете, го открил ужасот во семејната куќа и веднаш ги повикал надлежните. Обдукцијата покажала дека децата биле избодени до смрт.

Ќерката на Дебора, Викторија, наводно претходно ѝ рекла на својата пријателка дека „со нејзината мајка работите не се добри, дека е депресивна“. Дебора наводно оставила и проштално писмо, но содржината не е позната.

Телата на децата биле пронајдени во вторникот околу 13 часот, по што е започната потрага по мајката.

Дебора имала француско и швајцарско државјанство, поради што француските власти веднаш побарале помош од швајцарските колеги во потрагата по неа.

Вчера наутро нејзиното тело било пронајдено во автомобил на паркинг во Швајцарија, а причината за смртта се уште не е позната.

Полицијата го истражува мотивот за ова страшно злосторство.

Според медиумите, најстарите деца биле од претходната врска на Дебора, додека таа со сегашниот партнер го имала само најмалото дете.

Мештаните се во шок по злосторството, додека истрагата продолжува.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk