logo
logo
logo

Пожари беснеат на најпознатото турско одморалиште

Vecer | 28.07.2021

Пожари беснеат на најпознатото турско одморалиште

Неколку шумски пожари избувнаа во Анталија, популарна туристичка дестинација во Турција, а ветровите го носат пламенот во правец на населените места, изјави локален официјален претставник за турски Си-Ен-Ен.

Според Мустафа Јигит, службеник на градот Манавгат, три градски области биле евакуирани.

На снимките од опшжарените места се гледаат темни облаци чад и пламен високи неколку метри. Туристите не се меѓу оние кои се загрозени во моментов, рече Јигит.

Службите за итни случаи се борат со огнената стихија од воздухот. Кабинетот на гувернерот соопшти дека двајца канадери и 15 хеликоптери биле вклучени во гаснењето на пожарот.

Според локален официјален претставник, побарана е помош од околните провинции.

Засега нема извештаи за повредени или смртни случаи. Причината за пожарот сè уште не е позната.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk