Повторно пукање во САД, петмина повредени, меѓу кои и дете

Пет лица се повредени, меѓу кои и осум годишно девојче во пукотници во Сиракуза, во државата Њујорк, соопшти полицијата. Инцидентот се случил синоќа околу 21 часот по локално време.

„Ова е нешто што не треба да се случува . Тоа е нешто што не смее да се случува во нашата заедница“ изјави шефот на полицијата, Френк Фаулер.
Локалниот портал „Syracuse.com“ објави дека пукањето се случило во кругот на семејство, кое се собрало поради смрт на лице кое починало од рак, пренесе Ројтерс.

Сиракуза се наоѓа на околу 400 километри северозападно од Њујорк.

Четири лица, меѓу кои и напаѓачот загинаа вчера во пукотници во американската држава Мериленд. Во инцидентот беа повредени и три лица. Според првичните информации, напаѓачот е жена која потоа извршила самоубиство.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари