Повик за импичмент на Матарела откако стави вето на изборот на евроскептик за министер

Италија и по 12 недели од парламентарните избори, се уште нема влада, што е рекорд во историјата на земјата. „Кориера дела сера“ пишува дека партиите веќе размислуваат за предвремени избори кои би можело да се одржат на 9 септември.

Претседателот Серџо Матарела се соочува со повици за импичмент откако стави вето на изборот за министер за финансии. Тој рече дека не може да го назначи евроскептикот Паоло Савона за министер, поради, како што наведе, загриженоста на инвеститорите.

Неговата одлуката стави крај на обидот на двете популистички партии на Италија да формираат коалиција.

Матарела го повика Карло Котарели, поранешен извршен директор на Меѓународниот монетарен фонд, кој може да формира привремена администрација.

Италија, четвртата најголема економија на еврозоната, беше без влада од изборите во март, бидејќи ниту една политичка партија не може да формира мнозинство.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари