logo
logo
logo

Повеќе од 6,5 милиони луѓе ја напуштиле Украина од почетокот на војната

Vecer | 23.05.2022

Повеќе од 6,5 милиони луѓе ја напуштиле Украина од почетокот на војната

Убедливо најголемиот број украински бегалци - 3,5 милиони се згрижени во соседна Полска. Речиси 780.000 бегалци пристигнале во Германија од почетокот на руската инвазија на Украина на 24 февруари, до минатата сабота. 98 отсто од нив се по потекло од Украина, соопшти германското Министерство за внатрешни работи.

Се претпоставува дека многу од нив можеби во меѓувреме заминале во друга земја на ЕУ или се вратиле во Украина. Според УНХЦР, речиси два милиони луѓе се вратиле во Украина од почетокот на војната. Не се знае точно колку од нив се вратиле трајно, а колку од нив само повремено доаѓаат во својата земја.

Само Полска евидентирала повеќе од 1,5 милиони луѓе кои се вратиле во Украина, објави тамошната гранична служба на Твитер.

Забележано и дека бројот на луѓе кои од неодамна се враќаат во Украина, на дневна основа, е поголем од бројот на оние што ја напуштаат земјата.

Украина пред војната имаше околу 44 милиони жители. Покрај 6,5 милиони бегалци од земјата, дополнителни осум милиони луѓе се раселени во Украина поради војната, објави Меѓународната организација за миграција (ИОМ). Поради војната во Украина, бројот на бегалци на глобално ниво за прв пат надмина 100 милиони, објави УНХЦР, пренесе Индекс.хр.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk