logo
logo
logo

Повеќе од 113 милиони заболени во светот, 320.000 нови случаи на коронавирус за еден ден

Vecer | 25.02.2021

Повеќе од 113 милиони заболени во светот, 320.000 нови случаи на коронавирус за еден ден


Бројот на заболени од коронавирус во светот од почетокот на пандемијата на коронавирус надмина 113 милиони, објави вечерва сајтот worldometers.info.

Според податоците на оваа американска страница, од 113 милиони заболени, повеќе од 2,5 милиони починале, а скоро 89 милиони луѓе закрепнале од коронавирусот.

Во моментов има околу 22 милиони активни случаи во светот, од кои 21,87 милиони луѓе или 99,6 проценти имаат лесна или умерена форма, додека околу 92 000 (0,4 проценти) заболени се во сериозна состојба.

Според бројот на починати, први се САД, кои имаат над 515.000 мртви, а потоа следат Индија со над 156.000 и Бразил со близу 250.000 смртни случаи.

Повеќе од 326.000 нови случаи на Ковид-19 се потврдени ширум светот во последните 24 часа, заразени се вкупно 111,76 милиони луѓе ширум светот, соопшти Светската здравствена организација (СЗО).

Во последните 24 часа уште 8.384 лица починаа како резултат на зараза со коронавирусот, покажуваат најновите податоци објавени од СЗО, пренесува агенцијата ТАСС.

Досега 2,48 милиони луѓе во светот ја загубија битката со коронавирусот.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk