Повеќе од 100 жртви во земјотресите на Папуа Нова Гвинеја

Над 100 лица загинаа во неколкуте потреси регистрирани во Папуа Нова Гвинеја во последните недели.

На крајот на февруари, земјата беше погодена од земјотрес со јачина од 7,5 степени според Рихтеровата скала, што предизвика лизгање на земјиштето, прекин во снабдувањето со електричната енергија и блокирање на населени места.

По првичниот земјотрес следеа неколку последователни силни потреси во период од две недели. Премиерот на земјата Петер О’Нил откри дека животот го загубиле над 100 лица, многумина се водат за исчезнати, а илјадници се повредени.

Властите предупредија дека земјата ја очекува долго закрепнување.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари