После човек и свиња, создаден е хибрид на човек и овца: Ако човечките клетки навлезат во мозокот на животното, експериментот се прекинува!

Ако човечките клетки навлезат во мозокот на животното, и нејзината интелегенција почне да се менува, воопшто не смееме да го продолжиме овој екпсеримент

После човек и свиња, создаден е хибрид на човек и овца: Ако човечките клетки навлезат во мозокот на животното, експериментот се прекинува!

Научници од Универзитет во Калифорнија успеале во лабораториски услови да издвојат хибрид од човек и овца и тоа за само една година откако во јавноста е појави вест дека е создаден хибрид човек и свиња.

Како што пренесува британскиот Гардијан, овој пат човечките клетки уфрлени се во овчји ембрион и тоа со цел во иднина да се овозможи развивање на органи и ткива во животните, кои би биле користени за трансплантација.

Водечкиот научник и истражувач др. Пабло Рос навел дека овие органи кај кои е присутно најголемо поклопување, како органи кај еднојајните близнаци, брзо пропаѓаат бидејќи имунолошкиот систем на примачот постојано го отфрла.

"Химери" би можеле да бидат користени и за тестирање на лекови, бидејќи на нив ќе реагираат на ист начин на кои реагираат и луѓето.

Роа за британскиот Телеграф рекол дека ембрионот, кои го развиле во телото на овцата три недели пред да се уништат, имаат повеќе предноси во однос на свинските, меѓу друго полесни се за производство по пат на вонтелесно оплодување.

Како што објаснил, на 10.000 човчки клетки, ембрионот содржел само една човечка, а за да се смета методот за успешен, потребно односот да биде најмалку 100:1

Свесен е дека пред научниците има долг пат, но и дека во игра се бројни етички прашања.

- Ако човечките клетки навлезат во мозокот на животното, и нејзината интелегенција почне да се менува, воопшто не смееме да го продолжиме овој екпсеримент.

Сепак неговиот колега др. Хро Накаучи вели дека постои мала вероватност за такво нешто, бидејќи како што објаснил, уделот на човечки клетки во ембрионот е многу мал.

Резултатите од истражувањето претставени се на годинешниот состанок пред Американското друштво за научен напредок во Тексас.

Поврзани

Најнови вести

Коментари